26-годишна жена од Британија била на одмор со своите пријатели на Канарските Острови, Тенерифе. Таа почувствувала болки во стомакот додека била на забава и решила да се упати во најблиската болница. Таму лекарите ја прегледале, а потоа повикале и полиција, затоа што причината за болката била прилично чудна.
Лекарите ѝ кажале дека има вагинална инфекција, затоа што има мртва желка во нејзината вагина. Жената пред лекарите и полицијата се правдала дека не знае како желката „успеала да дојде до таму“ и дека почнала д асе чувствува „чудно“ пред неколку дена откако се забавувала со група Британци.
Не е познато кога желката починала, пред или по влегувањето во телото на жената. Експерти потврдиле дека станува збор за слатководна желка, кои најчесто се чуваат како миленичиња.
Од полицијата изјавиле: „Да овој инцидент се случи и извештаите се точни. Жената не знае како рептилот завршил таму и кога, а не знаеме и ние.“ Шпанската полиција започнала истрага за сексуален напад.