Шенон Барнард завршила во болница откако добила повеќе повреди на нејзините екстремитети и телото, вклучувајќи ги и нејзините бели дробови, црниот дроб и цревата. Белите дробови на жената се во лоша состојба, а исто така има лузни низ целото тело.
21-годишната жена завршила во оваа состојба, откако го „изнервирала“ нејзиниот сопруг, кој ја изневерил неколку дена пред да ја избоде 46 пати со нож. 25-годишниот Мајкл ја изневрил Шенон, а потоа ѝ го признал неверството, но не сакал ниту да ѝ се извини.
Шенон решила да спие во дневната соба на каучот и таа вечер напишала писмо во кое стоело: „Ќе ја изневерам мојата сопруга. Нема да покажувам знаци на каење. Нема да ѝ купам цвеќе или да ѝ се извинам. Ќе очекувам да биде среќна во домот во кој ја изневерив. Нема да ѝ дозволам да го заборави тоа. Ќе ја измачувам засекогаш. Ќе ја напуштам мојата сопруга.“
Ова писмо, напишано за него, го „погодило“ Мајкл и рано наутро ја нападнал сопругата додека таа разговарала на телефон со неговиот татко. Шенон изјавила на суд дека го почувствувала секој убод, а лекарите кажале дека имала неверојатна среќа што е воопшто жива.
Но, она што ги шокирало сите е дека Шенон му простила на нејзиниот суров сопруг и вели дека нема да се разведе од него. Иако тој добил затворска казна од 20 години, поради обид за убиство на суров начин, таа изјавила дека ќе го чека, затоа што сака „да имаат семејство заедно“.
Откако излегла од болница Шенон редовно го посетува нејзиниот џелат, иако и самата кажала дека додека ја напаѓал ѝ кажал „Мораш да умреш!“.
Таа планира да го посетува сопругот два пати неделно и да им бидат овозможени брачни посети. Кога требал да ја слушне пресудата Мајкл ѝ ипратил бакнеж на Шенон, кој седела заедно со неговото семејство, додека нејзиното семејство седело на другата страна од судницата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!