Да се остане заглавен во лифт е еден од најголемите стравови на денешницата, но за една кутра жена од северниот град Ксиан, оваа кошмарна ситуација станала реалност лифтот во една зграда ненадејно се расипал. Откако работниците пристигнале на местото, викнале да видат дали некој има внатре и откако не добиле одговор, ја исклучиле струјата и си заминале дома да ја слават кинеската нова година. На поправањето на лифтот се вратиле по еден месец, кога за жал веќе било предоцна.
По извршената истрага, локалните власти утврдиле дека четириесет и тригодишната жена живеела сама во зградата и умрела како директна последица на тоа што работниците не го отвориле лифтот да видат дали некој има внатре. Овој инцидент следи по уште еден сличен инцидент во Кина кој се случи минатата година кога жена пропадна во ескалатор откако попушти ненадејно попушти металната платформа, настан кој привлече големо внимание на интернет.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!