Долговечниот рептил, чијшто вид живее на далечниот остров Сејшели во близина на Мадагаскар, поголемиот дел од својот живот го минал на островот Св. Елена во јужниот дел од Атлантскиот Океан. Историчарите сметаат дека желката била донесена таму во 1882 година како подарок за британскиот гувернер во тоа време, и ден денес може да се види како скита наоколу по градините на плантажниот имот.

zl

За жал, денес останале само мал број на алдабраските џиновски желки бидејќи повеќето од нив биле збришани од страна на ловците во 18-от и 19-от век. Денес видот се смета за загрозен вид близок до исчезнување и конзерваторите работат напорно за да ги зачуваат неколкуте преостанати примероци.

Не е познато уште колку живот ѝ преостанува на желката Џонатан, но има добри изгледи да поживее уште добри неколку години.

Сподели на Facebook
пати видено