Една желка добила втора шанса во животот благодарение на специјално направениот протетички оклоп, откако за малку ќе го изгубела животот во оган кој ја зафатил грмушката во која се наоѓала. Влекачот, наречен Фереди, бил најден со тешки повреди во Бразил, при што неговиот оклоп бил целосно уништен. Неговите изгледи за преживување се намалувале, но благодарение на група совесни хирурзи, тој сепак ќе живее.
Екипата му направила нов оклоп со помош на технологија за 3D печатење и сега повторно се наоѓа во добра состојба. Дизајнерот Цицеро Мораес вели: „Фреди беше првата желка во светот која доби целосно нов оклоп, откако ние како група за спасување животни решивме да му помогнеме. За да се дизајнира оклопот, беа потребни серија слики од оклоп на здрава желка од сите агли. Потоа, откако ги измеривме точните димензии на желката, компјутерски го реконструиравме 3D моделот.“
Екипата од Сао Паоло досега направила слични операции за реконструкција на клуновите на три тукани, еден папагал и една гуска. Д-р Фечио, еден од членовите на групата, вели: „Првпат се собравме како пријатели благодарение на заедничката љубов кон науката и животните. Наскоро сфативме дека можеме да правиме некои исклучителни нешта со помош на најновата технологија, благодарение на што би можеле да им помогнеме на осакатените животни правејќи им специјално направени протези.“
Протезите до сега се покажале како одлична замена за природните органи на животните, бидејќи употребуваат квалитетни материјали како титаниум.