Гламурозна студентка којашто еден маж ја честел со водка-кола се запрепастила кога две седмици подоцна добила порака во кое човекот си ги сакал назад своите 6,5 фунти. 18-годишната Аби Фентон се забавувала со своите пријатели во Шефилд кога ѝ пристапил „сиромашно облечен“ маж и ја понудил да ја почести со пијалок. Таа ја прифатила неговата понуда и тие си размениле телефонски број пред да се разделат.

gl01

Но, се вџашила кога примила порака од мистериозниот човек, која гласела: „Здраво, се надевам нема да ти пречи, душо, но дали би можела да ми ги префрлиш назад тие 6,50 фунти?“

gl02

Откако таа прашала кој е тоа, тој ѝ одговорил: „Лиам од Вајпер Румс, од пред неколку недели. Ти купив пијалок. Може ли да си ги добијам назад парите? Ќе ти дадам некаква шифра и број на сметка. Фала.“

Г-ца Фентон, која овој месец ќе ги започне своите студии по биомедицина во Лидс Бекет, била шокирана од грубоста на непознатиот, но сепак решила да му плати.

„Бев кај шанкот да си земам пијалок, кога тој пријде и ми кажа – јас ќе ти купам, прекрасна си….Јас само му кажав дека сакам нешто со водка и тогаш сме си размениле броеви пред да си тргнам. Не ни знаев дека го има мојот број, бидејќи не ми пиша таа ноќ или следниот ден. Веднаш му платив, и покрај тоа што отпрвин не планирав бидејќи мислев дека тоа беше толку дрско, но тогаш си помислив дека можеби му требаат. Тој не беше мој тип, навистина, но јас само си мислев дека кога излегуваш, луѓето ти купуваат пијачки!“

gl03

Фентон вели дека не можела да се сети многу за Лиам но се сеќава дека не бил добро облечен.

„Секогаш гледам во чевлите на луѓето и се сеќавам дека имаше евтини чевли, па така можеби му требале парите“, додава таа.

Откако ја покажала пораката на своите пријатели, тие ѝ кажале да ја сподели на социјалните медиуми, по што пораката била видена и споделена од илјадници луѓе. Ете, тоа се најновите трендови во модерното општество…

Сподели на Facebook
пати видено