Крис Ролф од Англија се возел со својот автомобил во Западен Сасекс, кога забележал мртво животно на патот. Иако најголем дел од луѓето едноставно би поминале покрај мртвото животно, Крис не можел да го направи тоа и застанал да види дали сѐ уште има можност да му се помогне или пак да го тргне од патот.
Тој сфатил дека се работи за лисица, но она што го изненадило 24-годишниот земјоделец бил моментот кога сфатил дека нешто се мрда во нејзиниот стомак. Крис знаел дека доколку сега не направи ништо малите лисичиња ќе починат во нивната мајка.
Така тој без претходно медицинско искуство, иако присуствувал на извршување на царски рез на крава, решил да ги извади лисичињата.
Неговиот труд влодил со плод и 4-те мали животни биле спасени. Тој ги однел дома кај неговата мајка која Џес. Сега овие лисичиња се стари 7 недели и преку хуманитарна помош за храна Крис се надева дека наскоро ќе станат доволно силни за да ги пушти во дивината.
Имињата на животните се: Џинџер, Бисквит, Голем Тип и Мал Тип.