Кога анонимен земјоделец во Мичиген го купил својот имот пред околу 30 години, претходниот сопственик тврдел дека масовната карпа на имотот, која служела како потпирач за вратата во шталата паднала од небото.
Секако новиот сопственик не поверувал во тоа и продолжил да ја користи за истата цел, а по многу години дознал дека карпата може да го направи богат.
Метеоритот паднал во 1930-тите, според првиот сопственик на фармата, кој велел дека имало „огромна бучава“. Но, наместо да го продаде, тој му го предал на новиот сопственик кога ја продал фармата, тврдејќи дека е дел од сопственоста.
Новиот сопственик не направил ништо во врска со тврдењето со децении, продолжувајќи да го користи огромниот дел од вселенската карпа како потпирач за врата со години пред конечно да реши да го продаде имотот. Тогаш неговата љубопитност се вклучила и се обратил до научниците на Централниот универзитет во Мичиген.
Во 18-годишното искуство на Д-р Мона Сирбеску, немало голем број на метеорити и поголем дел од пријавувањата биле лажни. Но, уште кога го здголедала каменот, уште на прв поглед знаела дека не станува збор само за „чудна карпа“.
Со тежина од околу 10 килограми, метеоритот бил најголем што некогаш Сирбеску го испитала. Тој е направен од речиси железо, со околу 12 процентиникел – многу поголем процент од поголемиот дел од пронајдените метеори. Според составот, научниците веруваат дека ова е остаток од планета која се уништила пред милијарди години, орбитирајќи околу нашиот сончев систем неколку години пред конечно да се урне на земјата кога оригиналниот сопственик на фарма тврди дека пристигнал на неговиот имот во 1930-тите.
Оценувачката вредност на метеоритот изнесува околу 100.000 долари, а Институтот Смитсонијан изрази интерес за да го купи од човекот – кој вети дека ќе им даде 10% од средствата на Централниот универзитет во Мичиген како вид такса затоа што му помогнале да го идентификува и процени.