Холандија ќе затвори четири затвори поради падот на стапката на криминалот и покрај тоа што увезувале затвореници од другите земји, за да ги пополнат. Холандската влада планира да ги затвори инстутуциите откако статистиката покажала дека моментално стапката на криминал е на најниско ниво од 1980 година. Сега се пријавуваат само 49 кривични дела за секои 1.000 граѓани, според Државниот завод за статистика.

Планираната рунда од 19 затворања во 2013 година предизвика толку голем гнев меѓу затворските работници што владата почнала да „увезува“ затвореници од други земји, вклучувајќи ги Норвешка и Белгија, со надеж дека ќе останат отворени. Според холандскиот весник Algemeen Dagblad, извори идентификувале кои затвори ќе бидат затворени од министерот за правда, Сандер Декер, во рамките на новиот бран на отпуштања.

Затворите во Зутермер, Зајст, Алмере, Зваг во Северна Холандија ќе се најдат под „секирата“. Сепак, затворите во оддалечени или рурални области ќе бидат зачувани поради стравувањата дека затворањето ќе ги погоди локалните работни места. Една третина од 13.500 затворски места во Холандија се оставени празни во 2017 година.

Сподели на Facebook
пати видено