Недела наутро, вие одите на шопинг во градот за да си купите нешто, ги разгледувате продавниците и сѐ се одвива нормално, но доколку живеевте во Окленд, Нов Зеланд, ќе добиевте и уште нешто „гратис“.

Вработените во продавницата „Асикс“ на улицата Шортланд се шокирале кога дошле на работа и сфатиле дека на нивните екрани за промоција има филм и тоа не било каков.

На големиот екран наместо промотивен материјал или било што друго имало порно филм. Купувачите можеле 2 часа да гледаат порнографски матерјал прикажуван на излогот на продавницата.

Ова било дело на хакери кои сакале да ги шокираат купувачите и минувачите или да ги почестат, зависи како гледате на работите.

Додека некои велат дека порнографија имало околу 2 часа, други минувачи изјавиле дека видеата кружеле уште од 1 часот наутро.

Некои од минувачите изјавиле дека им го „разубавило утрото“, додека една мајка која била да си купи појадок со 7-годишниот син изјавила дека очекува извинување од страна на продавницата.

Сподели на Facebook
пати видено