Бог решил да се запознае со состојбата на здравството во Македонија. Се преобразил во општ доктор.
Пред кабинетот огромна редица, иако сите си закажале термин. Влегува изнемоштен старец. Бог ја става раката на неговата глава и му вели:
– Стани и оди!
Болниот оздравува, станува и излегува од кабинетот. Го прашуваат другите болни од редот:
– Како е новиот?
– Исто како и другите – дури ни притисокот не ми го измери!