Голем поборник за здрав начин на живот гордо го прашува докторот:
– Докторе, не пијам, не пушам, не одам по жени, јадам претежно овошје и си легнувам пред 21 часот. Уште колку години ми давате дека ќе живеам со овој начин на живот?
Докторот се замислува за секунда и одговара:
– Ова твоето живот ли е?