Водородниот седан „Мираи“ на Тојота троши само 7,5 евра на 1000 километри, и наместо штетни гасови зад себе остава чиста вода. Светот може да му каже „збогум“ на бензинот, откако во сериско производство беше пуштена кола која се движи само на водород. Јапонскиот автомобилски гигант Тојота го пушти во производ новиот седан „Мираи“, кој место штетни гасови испушта чиста вода, а со едно полнење, според зборовите на јапонските инженери, автомобилот може да измине 650 километри.
Цената на автомобилот во Јапонија изнесува околу 60 000 американски долари. Притоа, владата во Земјата на изгрејсонцето веќе објави дека сите коишто ќе се решат да го купат еколошкиот седан ќе добијат субвенции од власта во висина од 17 000 американски долари. Но, за да се користи водородниот „Мираи“ треба да има специјални станици за полнење. Самиот процес трае само неколку минути. Според пресметките, трошоците за еден изминат километар ќе чинат само 1 цент; 100 километри би чинеле неполно евро, а за 1000 изминати километра би било потребно да платите само околу 7,5-8 евра. Според ова, овој автомобил на иднината си ја заслужува инвестицијата.