За многу пациенти ставањето на конци за да се затвори рана е исто како да им се става сол на раната. Но, една нова технологија би можела да ја намали потребата за болниот процес на ставање конци, во исто време намалувајќи ги и последиците како лузните. Со оваа техника се употребува леплива медицинска боја која повторно ги сврзува молекулите на колагенот во кожата кога бојата ќе се изложи на зелено ласерско светло. Употребувајќи биораспадливи оптички влакна, ласерот може да навлезе длабоко во раната за да ја „залепи“.
Тестовите покажале дека овој метод може да затвори рана во свинска кожа за само петнаесет минути. Научниците кои стојат зад оваа технологија велат дека би можела да се употребува по хируршки зафати и би можела да биде особено полезна за лекувањето на внатрешни рани. Секако, би можела да се употребува и за затворање на површни рани на кожата, за кои нормално би бие потребни конци, што остава надеж за развој на кожен регенератор, како во Стар Трек.
Проф. Малте Гадер, експерт за биофотоника при Универзитетот Св. Ендрјуз кој го предводи истражувањето, вели дека биораспадливите оптички влакна би можеле да ги надминат недостатоците на претходните обиди за употреба на ласери во процесот на заздравување. Тој вели дека повеќето ласерски едвај можат да навлезат преку горните слоеви на кожата, што значи дека имаат ограничен ефект на спојување на ткивото. Но, оптичките вметоци развиени од неговиот тим можат да се скратат додека сѐ уште стојат во раната и потоа се апсорбираат од страна на телото. Проф. Гадер додава дека со оваа технологија се намалува степенот на останување на лузни по операцијата. „Најразновидни оптички техники, како фотохемиското спојување на ткива и фотодинамичката терапија, изискуваат ефикасно длабоко навлегување во ткивото, но сегашното ограничено навлегување претстаува сериозна пречка во клиничката употреба“, вели тој. „Имањето на располагање на биокомпатибилни и биоапсорбливи оптички компоненти би можело да ја трансформира медицината, од дисциплина употребувана главно надворешно, до нова парадигма заснована на прецизно контролирана примена на ласерско светло во ткивото.“
Без влошките од оптички влакна развиени од страна на проф. Гадер и неговиот тим, ласерското светло пробива помалку од пет милиметри во кожата. Но со оваа техника, позната како нано-шиење, го забрзува процесот на закрепнување помагајќи има на колагенските молекули повторно да се спојат.
Колагенот е протеин кој се наоѓа во сврзните ткива како кожата, мускулите, коските и тетивите. Кога раната заздравува, колагенските влакна се сврзуваат преку исекотината и повторно ја составуваат кожата. Но, наношиењето може значително да го забрза процесот. Кога ќе се изложо на ласерско светло, бојата зема електрони од колагенските молекули во кожата, предизвикувајќи да формираат ковалентни врски со колагенот на другата страна на раната.