Поминаа цели 27 години и невозможно е да се размислува за Основен инстинкт без најпознатата сцена со прекрстување на нозе.
Фаталната жена, Шерон Стоун односно Кетрин Трамел во филмот уште во 1992 година им ги подотвори устата на гледачите кога пред истражителите за убиство им го покажа меѓуножјето, без гаќички. Елегантна, опасна и сексуално ослободена, публиката од 90-тите беше страшно фасцинирана од Трамел.
61-годишната Стоун сега ја пресоздаде својата најпрепознатлива сцена на наградите GQ Men of the Year во Берлин. Откако ја прими наградата „Жена на годината“, Шерон седна на бината за да одржи говор пред публиката во која беше и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронштајн.
„Значи, пред неколку години – пред да ни дозволат да бидеме она што сме во нашите мали градови – јас седев на звучна сцена, а режисерот ми рече ‘Можеш ли да ми ги подадеш гаќичките затоа што ги гледаме на сцена и не треба да имаш гаќички, но ние нема да видиме ништо’. Јас реков ‘Секако’. Не знаев дека овој момент ќе ми го смени животот.“, обајснува Шерон, за тоа како една сцена дала нов пресврт на нејзината кариера.
За оние кои не ја знаете еве ја култната сцена:
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.