Оди еден затвореник на издржување на казна од 10 години. На влезот го прашува полицаецот да му каже некоја финта за полесно да си помине, а овој му вели:
– Кога ќе влезеш внатре, само кажи дека си осуден според член 152, став 2.
Влегува затвореникот во ќелијата, другите затвореници прават круг околу него и го прашуваат:
– По кој член те осудија?
– 152.
Сите се тргаат на страна, му го даваат најдобриот кревет, му ја носат најдобрата храна. Дури вечерта еден се осмелил да праша:
– А по кој став?
– 2.
Сите легнале по креветите и штама… никој не пуштил ни глас.
И така поминале 10 години. Кога дошло ред да го пуштаат, затвореникот го прашал истиот полицаец:
– Кажи ми, те молам, тој членот 152 за што се однесува?
– За силување на крупен добиток со рогови.
– А став 2?
– Со смртни последици.