Маж од Кина бил уапсен откако ја фрлил неговата новородена ќерка во контејнер во југозападна Кина. Таткото го ставил бебето во хартиена кеса и ја фрлил во контејнерот на 15 јануари, само два часа откако неговата девојка го родила во нивниот дом. За среќа бебето било најдено и спасено од постара жена која го однела во болница.

Таткото вели дека тој и неговата девојка забележале дека детето станало виолетово и мислеле дека „не може да се излечи“ и затоа одлучиле да се ослободат од него. На фотографиите од снимките од безбедносните камери се гледа како Ли, кој бил облечен во црвена маица се доближува до контејнерот во соседството со хартиена кеса во раката. Тој го оставил бебето во контејнерот и безгрижно си заминал.

Папочната врвца на бебето сè уште била прикачена кога таа била пронајдена од постара жена. Нејзиното лице и усните станале пурпурни поради студеното време. На видеото се гледа како жената се обидува да го стопли бебето.

Откако бебето било однесено во болница, со помош на снимките од безбедносните камери бил откриен и идентитетот на таткото, Ли и неговата девојка Лаи. Полицијата ги пронашла во нивниот стан и ги уапсила. Ли е задржан во притвор до судењето, а неговата девојка била пуштена со кауција. Од болницата потврдиле дека бебето било во добра здравствена состојба, иако мајката за време на бременоста не била на соодветните гинеколошки прегледи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено