Двајца падобранци биле фатени во смртоносна спирала откако нивните падобрани се заплеткале два километри над земјата. Двајцата мажи биле дел од квартетот на високо обучени падобранци кои се обидувале да извршат смел маневар на 2.000 метри над Ранавеј Беј, во Голд Коуст, Австралија.

Нивниот тренер можел само да гледа како неговите ученици биле однесени од ветерот и се спуштиле за речиси 30 секунди. Групата од четворица падобранци се борела со силни ветрови, а додека петиот падобранец ја снимил целата ситуација.

Мажите кои се дел од „Катар падобрански тим“ почнале да паѓаат кон населена област, но за среќа нивните инстинкти за преживување се вклучиле на време. Тие се ослободиле од нивните падобрани и успеале да направат одредено растојание меѓу себе.

Камерманот очајно ги бара мажите кои слободно паѓаат, кои на крајот успеваат да ги повлечат своите резервни падобрани и безбедно да се спуштаат. Тие биле на помалку од 700 метри од земјата кога успеале да ги активираат резервните падобрани.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено