Ова е застрашувачки момент кога тинејџерка тврди дека била опседнат со духот на нејзиниот мртов брат кој ѝ рекол дека бил убиен. 16-годишната Абигејл Магталас започнала да трепери, три месеци откако нејзиниот 19-годишен брат Марвин бил убиен во Нова Есиха, Филипини. Таа вели дека нејзиниот брат зборувал преку неа за да открие дека бил измачуван неколку часа пред да биде убиен.
„Тие ме мачеа, ме тепаа и ме застрелаа седум пати. Тие беа гангстери. Слушај ме, јас бев убиен.“, вели таа во видеото. Полицијата соопшти дека Марвин бил со двајца наводни дилери на дрога, кога тој бил убиен во престрелка со полицијата на 16-ти март. Но, во видеото, Абигејл тврди дека нејзиниот брат ја опседнал за да открие непознати детали за неговата смрт.
Девојката може да се види како да плаче неконтролирано додека лежи во кревет и да ги објаснува деталите за пукањето, вклучувајќи и кога и каде е наводно киднапиран. Абигејл во името на нејзиниот брат ѝ се извинува на нивната мајка и вели дека молел да не го убијат.
Во видеото Абигејл тврди дека Марвин бил киднапиран на 16 март, на полноќ од неколку мажи и донесен во Бајпас Талавера во Нова Есиха, каде што бил измачуван.
Неговите киднапери, наводно, го убиле по четири часа мачење пред да го фрлат неговото тело во блискиот град. „Ме застрелаа во нозете и ми рекоа да трчам. Тогаш некој ме турна на мостот.“, вели Абигејл.
Семејството тврди дека Абигејл не лаже и дека ова прв пат ѝ се случува.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.