Патниците на лет од Њуарк до Торонто имаа слетување кое ќе го паметат целиот живот, бидејќи силни ветришта го носеле авионот од една на друга страна од пистата. На видеото се гледа како авионот се спушта, но го носат ветрови кои достигнувале брзина од 120 км / ч. Авионот имал два обиди за слетување од кои првиот морал да биде откажан поради преголемата опасност.

Патникот Реј Синг изјавил дека слетувањето било исто како возење на ролеркостер. „По вториот пат веќе бевме нервозни. Луѓето почнаа да губат воздух. Мислев дека повторно ќе откажат. Си мислев дека нема шанси пилотот да го слета овој авион. Се движеше лево и десно. Беше прилично лудо.“, вели Реј.

Силните ветришта во Канада во петокот земаа три жртви и 200.000 домови завршија во мрак бидејќи електричните жици паднале.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено