Лавата исфрлена од најактивниот вулкан на Филипините течеше речиси три километри од кратерот во спектакуларна, но потенцијално смртоносна ерупција. Планината Мајон испратила лава повеќе од 600 метри во воздухот и масивни облаци од пепел и чад скоро 5 километри над кратерот, принудувајќи илјадници локални жители и туристи да побегнат на безбедно. Повеќе од 61.000 луѓе биле принудени да се евакуираат од околните села, бидејќи густиот чад се спуштал од планината. Изненадени туристите и локалните фотографи ја искористија можноста да ги фатат ретките моменти на ерупцијата.

Вулканолозите во понеделникот предупредија за опасна ерупција за неколку дена, а зона на забрана била продолжена од шест километри од кратерот до девет километри, принудувајќи ги локалните власти да нарачаат понатамошни евакуации како што пепелта паѓала врз заедниците.

„Во засолништата, луѓето спијат на подовите и секое засолниште поседува еден тоалет кој го делат 49 други лица. Бројот на луѓе порасна откако се прошири зоната на евакуација.“, соопштил Црвениот крст на Филипините. Доколку се погледне во историјата на ерупции на вулканот, ќе бидат потребни три до четири месеци пред да можат луѓето да се вратат во своите домови.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено