Трагачите по возбуди сега би можеле да престојуваат во Скајлоџ, проѕирни кабини закачени на стрмна карпа на Андите, кренати на височина од 122 метри. Сместени во близиина на градото Кузко, со трите капсули со димензии 24х8 метри и изработени од поликарбонат и алуминиум, управува туристичката компанија Натура Виве.
Тие се извишуваат над спектакуларната Света Долина – регион прославен по пејсажи кои го одземаат здивот, малите селца и тесните опасни патишта. За да престојувате во една од овие уникатни капсули, ќе треба да се искачите по 120 метарската челична скала вметната во речиси вертикалната карпа. Ако ова не ви се допаѓа, би можеле да дојдете до нив и спуштајќи се по жица. О, и ќе треба да платите околу 300 американски долари.