Претставата на еден циркус во Олонет, северо-источна Русија, не заврши со смеа и овации, туку со расплакани деца и врескање од ужас. 27-годишната мајка, Галина Гуриева го снимила индицентот и вели дека уште пред да се случи нешто била шокирана што нема никаква безбедносна ограда која би ја разделила публиката и огромната мечка.
Тренерите ѝ наредиле да се однесува како човек и очигледно во тој момент на животното му „пукнал филмот“ и нападна еден од тренерите. Според циркусот мечката потоа била онеспособена со електрошок, а тенерот преживеал иако не се дадени детали за неговата состојба.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!