Кога ќе кажеме Грција, првите работи што ни доаѓаат на ум се: спорот со името, летување, филозофи, митологија и луѓе „алергични“ на Македонија. Иако Грците сакаат многу да се фалат со најразлични работи (кои што не се нивни), сепак забораваат да се пофалат со одредени активности кои што ги правеле во минатото кои се далеку од нормални и корисни. Не дека фаќаме сеир, ама еве неколку засрамувачки факти од историјата на нашите соседи.
1. Лекарите јаделе „ушен восок“ за да ја откријат болеста.
Дегустацијата на ушниот восок од страна на лекарите била секојдневна практика во Грција. Тие сметале дека кога човек боледува од одредена болест и неговиот ушен восок ќе има различен вкус. Што значи доколку сте биле пациент во античка Грција лекарот најверојатно ќе го ставел прстот во вашето уво, а потоа и во сопствената уста. И да не зборуваме за другите телесни течности.
2. Потта од спортистите била користена за да се олесни напнатоста на мускулите.
Пред вежбањето спортистите се мачкале со маслиново масло, а откако ќе завршеле потта, заедно со маслото и прашината се собирала од нив со помош на посебни метални стругалки и се складирала во шишиња, кои подоцна се продавале како лек за ослеснување на напнатоста во мускулите.
3. Нечистотијата се користела за здравјето на жените.
Грците верувале дека жените се премногу чувствителни на нечистотија и загадување. Затоа користеле многу „напредни“ методи за да ги излечат. На пример, во случај на спонтан абортус, една жена морала да пие мешавина на вино и талог од пржено масло. Интересно е да се напомене дека не постоела таква подложност кај мажите.
4. Жените кивале за да ја избегнат бременоста.
Според вообичаеното верување, за да се спречи бременоста, жената морала … да кивне веднаш по сексот. Како што можете да претпоставите, методот бил прилично бескорисен. Друг метод бил да се направи паста од борова смола и мед и да се стави на гениталиите. Сепак, ова не помогнало ако љубовниците сè уште сакале да го сторат тоа по горенаведената процедура.
5. Наместо тоалетна хартија биле користени камења
Тогаш никој не користел тоалетна хартија, бидејќи немале. Затоа за да ја одржат хигиената античките Грци се бришеле со камења и парчиња од порцелан. Можеме само да замислиме како се чувствувале.
6. Врз мртвите тела ставале тешки камења, за да не станат од гробот.
Во некои древни грчки гробови, археолозите пронашле карпи и фрагменти од амфора на рацете, нозете и главите, прицврстувајќи ги мртвите во нивните гробови. Најверојатно поради стравот од „зомби апокалипса“.
7. Мажите со мали гениталии се сметале за многу атрактивни.
Статуите, храмските фрески и уметноста на вазни прикажуваат херои, богови и спортисти како силни, здрави, мажи без влакна со сосема мали гениталии. Сатирите, од друга страна, повеќе покажуваат дивјаци со импресивни машки органи. Големиот пенис се сметал за вулгарен и непривлечен. Дали и денес размислуваат така?
8. Спортистите вежбале голи.
Спортистите немале униформи и сите морале да вежбаат голи. Оние што се срамеле од нивните тела биле строго прекорувани и поврзувани со варварските начини на размислување.
9. Фрлале јаболко за да изразат љубов.
Иако денес се купува цвеќе и чоколади, античките Грци за да изразат љубов кон некоја девојка ја гаѓале со јаболко. Исто така ова се сметало и како понуда за брак.
10. Споените веѓи биле симбол на женската сексуалност.
Во античка Грција, една жена со оваа „убавина“ се сметала за многу атрактивна, а нејзините веѓи биле предмет на љубомора кај другите жени. Оние со тенки веѓи морале да ги оцрнуваат веѓите или да ставаат парче животинско крзно и да го залепат.