Ја нарекуваат „Заспаната убавица“, најпознатата мумија во светот. Розалија Ломбардо умрела од пневмонија во 1920 година на само двегодишна возраст. Умрела пред речиси сто години. Тогаш зошто се уште ги отвора своите очи во нејзиниот ковчег?

Едно од последните тела оставени да почиваат во катакомбите на капучинските монаси во Палермо, Италија, била Розалија Ломбардо. Нејзиниот зачуван леш е најпознатиот од 8000 тела коишто некогаш се наоѓале во катакомбите. Розалија се здобила со славата поради одличната зачуваност на телото, поради што ја нарекуваат „Заспаната убавица“, според познатата бајка.

ро01

Речиси сто години по нејзината смрт, Розалија многу малку се променила. Наоѓајќи се се уште во нејзиниот запечатен стаклен ковчег, Розалија како да спие, нејзината мала главичка ѕирка низ избледеното свилено ќебе. Прамени од нејзината руса коса се уште и паѓаат врз образите. Единствениот знак за изминатото време е оксидизираната амајлија со Богородица, ставена на нејзиното ќебе, толку избледнета што речиси не може ни да се препознае. Ова е Розалија Ломбардо, познатото дете мумија.

ро02

Розалија Ломбардо го дели своето име со Св. Розалија, светицата заштитничка на Палермо. Светицата поголемиот дел од својот живот го минала во пештера, кадешто починала во 1170 година. По нејзината смрт, почнале да ѝ се припишуваат многу чуда, при што првото и најзначајното се случило во 1624 година, кога во Палермо беснеела чума. Имено, епидемијата престанала кога во една пештера било најдено нејзиното неверојатно добро зачувано тело. Во Палермо можат да се видат многу мали светилишта посветени на Св. Розалија, но најпознатото од нив е Сантуарио ди Санта Розалија. Се наоѓа во пештерата кадешто било најдено телото. Оваа врска ја прави малата Розалија, „Заспаната Убавица“, уште посакана и пообожувана од нејзините сограѓани.

ро03

Додека за другите мумии закопани во катакомбите се грижеле монасите и во основа биле исушени од сувото опкружување, Розалија била мумифицирана по вештачки пат. За да ја зачува вечно, нејзиниот татко со скршено срце се обратил на балсамирачот Алфредо Салафија, сицилијански препаратор кој умрел во 1933 година. Салафија никогаш не ги открил хемикалиите кои ги употребувал во неговиот занает.

Бо 2009 година, Пиомбино-Маскали нашол ракопис во кој Салафија ги навел состојките кои ги употребил да ја мумифицира Розалија. Во формулата стои: „Еден дел глицерин, еден дел формалин со цинк сулфат и хлорид, и еден дел алкохолен раствор со салицилна киселина. Процедурата била многу едноставна, состоејќи се од инекција во една точка, без никаква дренажа или третирање на шуплините. Смесата функционирала совршено. Формалинот ги убивал бактериите, глицеринот спречувал нејзиното тело да се исуши, салицилната киселина ги убивал габите, додека солите на цинкот во основа го скамениле телото на Розалија. Новиот стаклен ковчег ќе помогне нејзиното тело да биде зачувано уште многу години. „Дизајнирано е да ги спречи бактериите и габите. Благодарение на специјалниот слој, исто така го заштитува телото и од влијанието на светлината“, вели Пиомбино-Маскали.

ро04 ро05

Афлредо Салафија бил италијански хемичар кој открил начин како да ги зачува мртвите тела од распаѓање употребувајќи специјална формула. Првин започнал со животни, а потоа продолжил и со луѓе, усовршувајќи го својот процес. На крајот го балсамирал и сопствениот татко.

Штом се расчуло за неговите посебни способности за балсамирање, роднините на многу познати луѓе почнале да го контактираат, вклучувајќи личности како Франциско Криспи (премиер на Италија, чиешто лошо презервирано тело Салафија го реставрирал во 1905 година) и кардиналот Микеланџело Челесија (1904).

Во 1910 година се обидел да основа компанија за трајно балсамирање. За да ја демонстрира својата техника, заминал во САД и во Еклектичниот медицински фактутет во Њујорк балсамирал тело на неодамна починат човек. Според книгата на Кристин Квигли под наслов „Современи мумии“, којашто е најдобриот извор на информации за Салафија и Розалија Ломбардо, „човекот умрел пред десеттина дена и почнале да се покажуваат црни и зелени траги во делот на лицето и вратот. Во неговото тело беа вбризгани 57 литри во заедничката каротидна артерија, без да се испушта крвта, да се третираат шуплините, ниту пак било какви други секундарни инекции“. Тогаш телото било оставено да се чува без никакво смрзнување, иако точната местоположба не се наведува.

Шест месеци подоцна, телото било дисецирано. Техниката на балсамирање на Салафија успеала: зелените и црните дамки на кожата речиси целосно исчезнале. Згора на тоа, „телото беше толку добро зачувано, со затекната кожа, умерено тврда и сува. Немаше никаков мирис на распаѓање или на фекалии, се чувствуваше само мирисот на течноста за балсамирање.’

Во септември 1910 година било балсамирано уште едно тело во Сиракуза, Њујорк. Но, овојпат починатиот боледувал од артериосклероза и така балсамирачот, проф. Ахил Соломон, внук на Салафија, не можел да го вбризга полното количество на течноста. Шест месеци подоцна, кога телото било дисецирано, присутните заклучиле дека методот на Салафија успеал секаде кадешто течноста успеала да продре во ткивото. Во 1911 година, неговата компанија почнала да ја продава течноста за балсамирање на американските погребни претпријатија.

Оттука натаму не се знае многу за неговиот живот. Една година подоцна, течноста престанала да се рекламира и д-р Салафија се вратил во Италија. Во 1920 година го балсамирал телото на Розалија, а во 1933 година починал без да ја открие тајната за составот на неговата течност.

ро06

Според Мелиса Џонсон Вилијамс, извршен директор на Американското здружение на препаратори, „цинковите соли се најзаслужните за неверојатната зачуваност на Розалија. Цинкот, кој препараторите во САД веќе не го употребуваат, ѝ дава цврстина. Би можеле да ја извадите од ковчегот, да ја исправите, и таа самата ќе стои.“

На овие слики наводно е прикажан чудниот феномен во кој недопрените сини очи на малата мумија се отвораат и затвораат неколку пати во денот. Овој чуден феномен со години е предмет на шпекулации. Дали навистина е можно починатото девојче да трепка со очите? Како може да се објасни оваа појава? Некои научници тврдат дека трепкањето е предизвикано од природната влага во гробницата кадешто се чува. Недоамна италијански истражувачи демантирале дека Розалија Ломбардо трепка секој ден.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено