Запознајте го Кваилти, симпатичното, немирно маче, со способност да избега од секој затвор.

Организацијата „Пријатели за живот“ за спасување и усвојување на животни во Хјустон неодамна објави на Фејсбук дека имаат необична мачка на која под итно и треба дом, за да има „мир“ во засолништето.

Тие секако сакаат да пронајдат и дом кој животното го заслужува, но исто така сакаат и да се ослободат од „навиката“ која ја има мачорот Кваилти. Според засолништето тој има „фетиш“ за затворени врати и мора да ги отвори сите.

Иако не звучи страшно сепак откако неколку пати им ги отворил вратите на сите мачки во засолништето и „лудувал“ со нив цела ноќ, вработените кои дошле наутро на работа најдобро ги сфатиле последиците.

Иако неколку пати го затворале на различни места, доколку немало клуч паметниот мачор наоѓал начин да излезе. Вработените биле предупредени од претходните сопственици дека мачорот постојано го пуштал нивното куче внатре, но тие не очекувале дека неговата навика ќе продолжи.

Кваилти кој е навистина мил мачор, бил прилично тажен кога вработените биле приморани да го заклучат посебно со посебен „механизам“ за да престане да создава хаос во засолништето.

Сподели на Facebook
пати видено