Ова „облачно цунами“ ги збунило жителите на Нов Јужен Велс, Австралија. Технички гледано ова е „кумулонимбус“, но на луѓето на плажата им се видело како огромен бран кој се протега неколку километри на небото. Австралиското биро за метеорологија издаде предупредувања во соседните области во пресрет на претстојните бури, обилни дождови и силни ветрови.
„Оваа појава се создава кога студената струја од бурата ненадејно ќе го крене влажниот воздух. Тоа е придружна појава на бурата“, вели метеорологот Кристофер Веб. „Кога дождот од бурата ќе падне вертикално го повлекува и воздухот со себе, се распространува хоризонтално и формира пороен налет, како резултат на што влажниот воздух ненадејно се крева.“