Приватни авиони, кавијар, ноќи со елитни ескорт девојки и костуми со Хуго Бос … животот на Ден Саундерс изгледал како на филм.
Но, парите кои ги трошел не биле негови. 29-годишниот Ден бил само бармен кој тајно земал илјадници евра од расипан банкомат и ги трошел на раскошен живот кој инаку не би можел да си го дозволи.
Ден од Вангарата, Австралија, открил проблем со банкоматот од кој можел да вади пари со кредитната картичка, без да му биде наплатено, кога апаратот е „офлајн“. Во текот на следните четири месеци, Ден кој претходно работел како бармен за 500 фунти неделно, повлекол 1,8 милиони австралиски долари од банкоматот (1,1 милиони евра).
Ден бил излезен со пријателите и сакал да части тура, но неговата картичка била одбиена и тој решил да излезе и да проба да извади пари на банкоматот. Кога проверил имал само неколку долари на сметката, сепак бидејќи бил малку пијан решил да внесе сума од 100 фунти и за негово изненадување од банкоматот се појавиле 100 долари, иако на екранот излегувало известување дека трансакцијата е одбиена.
Потоа се вратил во барот и продолжил да пие, но искушението било преголемо и повторно се вратил кај банкоматот и почнал да вади по 250, а потоа и по 500 долари. Кога се разбудил наредното утро и сфатил дека парите сѐ уште му се во паричникот, станал алчен и сакал да земе што е можно повеќе пари.
Тој сфатил дека помеѓу полноќ и 1 часот наутро може да вади колку пари сака затоа што банкоматот не бил поврзан со серверот. Ден раскинал со девојката и почнал да прави луди журки и да оди во најскапте ресторани, како и да плаќа скапи ескорт девојки.
„Во однос на дамите, не сум сигурен за точните броеви – но јас би рекол околу 80 и сите беа супер згодни. Мојот изглед би го оценил како 4-ка, но додека ја имав картичката станав многу попривлечен за спротивниот пол, би рекол солидна 8-ца.“, вели Ден.
Со текот на времето Ден почнал да се плаши дека ќе го фатат и отишол на психијатар, кој го посоветувал да се предаде. Ден одлучил да не се предаде но да престане да повлекува пари од банкоматот. По одредено време се јавил во банката за да им каже што направил, но тие повеќе не го контактирале.
Поминале 3 години и дури тогаш Ден бил уапсен по 111 точки во врска со измама и кражба. Тој се изјаснил за виновен, а сите во судницата биле збунети во врска со неговото дело. Тој добил една година затвор, а кога излегол продолжил да работи како бармен за 15 долари на час.