Татко од Канада го освои целиот интернет откако неговата сопруга објавила дека секој месец тој ја изведува нивната ќерка на „состанок“. Кејтлин Фладејџер од Ванкувер објавила на својот Фејсбук профил за интересниот однос на таткото кон девојчето, истакнувајќи колку е горда на тоа.

kk01 kk02

„Мојот сопруг реши еднаш месечно да ја изведува нашата ќерка на `состанок`, при што таа се дотерува и одат на торта или сладолед“, објаснува таа. Мајката објаснува дека нејзиниот сопруг Ноа направиил нивната ќерка Аријана да се чувствува како принцеза.

„Вечерва им беше првата ноќ. Ѝ помогна да си го избере фустанот за вечерта, ѝ ја подготви малата чантичка, ѝ ја отвори вратата и направи да се чувствува како принцеза“, раскажува г-ѓа Фладејџер. Во објавата споделила и фотографии од вечерта.

kk03

„Многу ѝ се допадна, беше толку среќна кога си дојде дома. Секогаш ќе знае како треба да се однесуваат кон неа, бидејќи нејзиниот татко постави толку високи стандарди давајќи добар пример“.

kk04

Сподели на Facebook
пати видено