Бездомничка од Вашингтон успеала да матурира две години порано и покрај тоа што работела 25 часа неделно. Кога како 14-годишна се запишала во средното училиште „Рузвелт“, Дестини Тајри живеела во централното засолниште за бездомници во Вашингтон заедно со уште 243 други семејства. Била приморана да го напушти претходното училиште кога нејзината мајка ја загубила работата и морала да ги предаде клучовите од семејниот дом бидејќи веќе не можеле да си дозволат да ја плаќаат киријата.
За само две години, Дестини успеала да направи драматичен пресврт во нејзиниот живот, откако се запишала во ново средно училиште. Била назначена за капитенка на навивачките на локалниот клуб при што била изгласана и за кралица на матурата, а како врв на се, освоила целосно покривање на трошоците за студирање. Таа успеала да го постигне сето ова и покрај тоа што работела 25 часа дневно во една продавница за сладолед.
Таа се надева дека во иднина ќе стане директор на училиште, затоа што сака да помага на млади луѓе кои минуваат низ слични проблеми низ кои минала и таа.
„Најискрено, подготвена сум да продолжам понатаму и да го живеам својот живот. Знам дека ме очекува подобар живот, работите одат кон подобро. Ако работите доволно напорно, ако го имате тој стремеж, ако ја имате таа мотивација, секогаш на крајот излегува подобро. Се што требаше да правам е да си го организирам времето. Едноставно ќе се разбудев и правев се што требаше да се направи.