Кога би виделе како мачка им приоѓа на пајчиња, можеби малку би се загрижиле. На крајот на краиштата, мачките и пилињата не секогаш се во најдобри односи. Но, тоа е толку далеку од вистината кога станува збор за Дела.
Дела е мачка која живе на фарма во областа Офали, Ирска. Само неколку часа откако родила мали маченца, налетала на пајчиња кои изгледале како да се без мајка. Бидејќи нејзините мајчински инстинкти биле во полн замав, ги собрала пајчињата и почнала да се грижи за нив, заедно со нејзините маченца.
Дела и нејзините маченца
Когз ги нашла пајчињата, Дела ги однела во нејзината кутија и почнала да ги милува. На пајчињата воопшто не им пречело тоа.
Сопствениците на фармата, Ронан и Ема Лали, велат дека времето кога се случило ова било од пресудно значење за формирањето на ова невообичаено семејство. Ако Дела налетала на пајчињата неколку часа пред тоа, нејзините хормони можеби ќе биле малку поразлични – и наместо да се грижи за нив, можеби ќе ги изела.
Пајчињата дури и цицаат заедно со мачињата. Со оглед на тоа дека не се цицачи и ним не им е потребно млеко, однесувањето го научиле од маченцата.
Но во секој случај развиле вкус за тоа.
А Дела сака сите да ги гушка.
Како што пајчињата растеле, почнале да се јавуваат нивните природни инстинкти и однесување. Една од карактеристиките е честото заскитување надвор од кутијата, далеку од очите на Дела. Мачињата подолго време остануваат во близина на нивните мајки, па така ова ја вознемирува Дела. Таа минувала долго време бркајќи ги и собирајќи ги назад во кутијата.
Ги крева како што би кревала и мачињата.
Денес пајчињата имаат и пердуви, и бидејќи растат побрзо од мачињата, тие се многу поголеми од нив. Сепак, сѐ уште сакаат да ја следат нивната маќеа насекаде, формирајќи класичен патешки строј како што би правеле и со нивната вистинска мајка. Понекогаш и најчудните комбинации можат да создадат најсимпатични семејства. Природата е полна со чуда.