Во 1970 година, персоналот на Советското списание „Наука и технологија“ предвиде целосна автоматизација на изградбата на објекти, патишта, брани и појава на цела мрежа на копнен и воздушен сообраќај, управуван од автопилот, до 2000 година. Имало и слични предвидувања за секојдневниот живот: паметни домови кои ќе знаат кога и што да се готви, да се мие, да се вклучи и исклучи.
Еден од прототипите на модерен паметен дом беше проектот на електронската опрема Сфинга (суперфункционален интегриран систем за комуникација), односно Sphinx (a superfunctional integrated communication system).
Системот се состоел од сферични и рамни акустични површини и звучници, тенок кристален или плазма екран, рачна конзола со отстранлив дисплеј, голем далечински управувач со слушалка, слушалки, процесор со три мемориски блокови и мал екран.
Всушност, бројот на предмети не бил строго дефиниран, самиот корисник морал да го обезбеди потребниот број на екрани, процесори и конзоли за да го опреми својот дом.
На системот му било дозволено да работи со информативната база, да управува со сите електронски, радио уреди во домот, да комуницира со други претплатници на мрежата, да спроведува некакви модерни онлајн конференции и да врши забавни функции, како што се репродукција на музика и видео. Сето ова не само со помош на контролните панели, туку исто така и со глас.
Креатор на концептот е Дмитриј Азрикан, кој заедно со Алексеј Колотушкин и Валери Госен на меѓународен семинар во Ереван ги предвидувал идеите на Apple и Google, кои денес создаваат цели екосистеми на гаџети. За Сфингата, во 1987 година, списанието „Техничка естетика“, било напишано дека неговото излегување во продажба е ветено до 2000 година, но повеќе информации за направата не се појавиле.
Опремата на SPHINX била дизајнирана за да се интегрира во еден единствен систем, а тоа не било само за создавање на паметна куќа, исто така имало врска со решавање на некои од „најважните проблеми“ со кои се соочувале советските мажи и жени. Да речеме, на пример, дека некој сакал да ја зголеми функционалноста на својот или нејзиниот магнетофон.
Во списанието ситемот се опишува како: „Лица и дланки на домот со големи сферични звучници, кои остануваат активниот физички елемент на домаќинството, илуминатори на звукот.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.