Резултатите од едно истражување покажале дека интеракцијата со кучиња го зголемува нивото на окситоцин (хормонот на љубовта) и допамин (се лачи во мозокот и помага при Паркинсоновата болест) во човековиот организам, а го намалува нивото на хормонот кортизол (хормон на стресот). Значи тоа што „Терапевтскиот придружник“ Нела се шета низ болницата и си игра со пациентите, всушност е хормонска терапија без хемикалии.