Откопана на работ на Арктикот, таа е единствената жена досега пронајдена во некрополите во кои биле закопани само мажи. Таа била погребана во кожурец од бакар и крзно, има долги трепки и коса а главата и заби во одлична состојба.
Оваа жена од 12-тиот век била жител на непозната ловечка и риболовна цивилизација која што се наоѓала во далечниот северен дел од Сибир, но имале изненадувачка врска со Персија. Случајно мумифицирана и најверојатно на возраст од околу 35 години, дури и најситните карактеристики се видливи на нејзиното лице. Зелените нијанси на лицето се траги од парчиња бакарен котел, кој помогнал нејзиното лице да остане добро сочувано во студениот гроб.
Бронзени храмски прстени биле пронајдени во близина на нејзиниот череп, завиткани во животинска кожа, можеби од ирваси и била обвиткана со кора од бреза. Како и другите човечки остатоци, стапалата на средновековната мумија биле свртени кон блиската река, што се смета дека имало религиозно значење. Таа била висока 155 сантиметри.
Бебе, девојче, премногу младо за да има заби, исто така било пронајдено оваа лето во некрополата, но се верува дека не е поврзано со жената. Археологот Александар Гусев од рускиот истражувачки центар Арктик потврди дека мумијата „облечена“ во бакар е првото откритие на една возрасна жена во оваа древна гробница.
„Има некои лошо зачувани коски, кои не ни дозволуваат да го одредиме полот, но ние јасно гледаме од лицето дека е жена. Ова радикално го менува нашиот концепт за оваа некропола. Претходно мислевме дека има само возрасни мажи и деца, но сега имаме жена. Неверојатно е.“, изјавил Гусев.
Меѓу триесетина гробови кои биле пронајдени биле само од мажи, од кои што на некои им бил скршен черепот, што сугерира дека оваа жена можеби била општествено важна. Исто така имало гробови на деца од двата пола. Бројни тестови, вклучувајќи и ДНК, ќе бидат спроведени од страна на заедничкиот тим на руски и јужнокорејски научници кои ги испитуваат овие археолошки остатоци.
Д-р Сергеј Слепченко истражувач од Институтот за проблеми на северен развој СБ РАС, изјавил дека главата била добро сочувана поради парчињата бакар. Анализата најверојатно ќе трае една година и ќе зависи од средствата на владата за анализа која што академиците ја сметаат како клучна за разбирање на човечкото присуство во Арктикот. Тој се надева дека ќе го реконструира лицето на жената.
Професорот Донг-Хун Шин, од Националниот универзитет во Сеул, вели: „Во светот постојат два вида мумии вештачки и природни. Одлични примери на мумии од вештачко потекло се египетските. Природната мумификација на телото настанува поради одредени услови од животната средина. Арктичките мумии, се многу ретки и уникатни.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.