21-годишен студент студира во еден од најпрестижните државни универзитети во Америка, но е принуден да живее во тесна приколка без греење или соодветна канализација. Исмаел Чаму студира на „Универзитетот на Калифорнија, Беркли“ и е син на работник мигрант од Мексико. Тој живее во мала приколка со неговите две сестри и неговиот брат каде што треба да делат еден кревет за спиење.
Пред да оди на предавања секој ден Исмаел им помага на неговите сестри да се спремат за училиште. За жал тој е еден од десетици илјади студенти во Калифорнија, кои се погодени од кризата во државата и се наоѓаат во слична ситуација. Иако финансиската помош обично ја плаќа школарината на студентите со ниски примања, таа не вклучува домување, што ги остава учениците како Исмаил да се бори за да поврзат крај со крај.
Исмаил работи со скратено работно време како студент и работи во клуб, а ритоа се обидува да дипломира социологија, додека ги издржува неговите сестри и неговиот брат. Неговите две сестри, Џоселин (14) и Џасмин (17), се преселиле во неговата приколка во јануари, откако нивните родители доживеале финансиски тешкотии и морале да се преселат во нивното возило.
Исмаел поседува мобилен дом, 6 на 2,5 метри со неговиот брат Едвард, кој има 20 години. Тие живеат во приколката од ноември, но во неа нема греење, ниту пак канализација. Резервоарот за складирање е прикачен на мобилниот дом, така што семејството треба да се упати кон блиската бензинска пумпа секој пат кога ќе треба да го исфрли.
Неговите родители се од Мексико и тие повеќе пати се селеле низ државата со цел неговиот татко да најде соодветна работа. Иако тој сменил три средни училишта, покажал одлични резултати и бил примен на Беркли. „Татко ми е многу горд, тој секогаш вели ‘Син ми е на Беркли’“, вели Исмаел.
Исмаел нема да може да дипломира оваа пролет, затоа што му фалат неколку кредити од предмети, чии предавања ги пропуштил за да се грижи за неговите сестри. Исмаел и неговиот брат месечно заработуваат околу 1.000 долари. Ова едвај го покрива надоместокот на изнајмената приколка, храна, отстранување на отпадни води и други потреби.
„Се обидувам да сторам најдобро што можам, но сѐ уште не сум тргнал напред. Правите еден чекор напред и еден џиновски скок назад. Не може да се живее од тоа.“, вели Исмаел.