Пајпер е специјално дресирано куче за да ги брка птиците од аеродромот во Траверс Сити, Мичиген, САД. Пајпер има специјална опрема, очила за заштита на очите кога ги брка птиците на различен терен и заштитен елек за да не се повреди. Тој е дресиран да скока од автомобил во движење кога возачот ќе му рече. Целта е да се научат птиците кои живеат во околината дека не се пожелни на аеродромот.