На ова видео се гледа како четиригодишно момче ја демонстрира својата беспрекорна нунчаку вештина, повторувајќи ги мајсторства на Брус Ли, додека зад него на телевизискиот екран се прикажуваат снимки на истите движења изведени од големиот кунг фу мајстор. На видеото се гледа дека потезите на детето не заостануваат зад совршената техника и молскавичната брзина на Брус Ли.
До денес Ли останува еден од најголемите мајстори на боречки вештини. Се стекнал со светска слава благодарение на неговите улоги во филмовите „Тупаница на гневот“(1972), „Враќање на змејот“(1972) и „Змејско гнездо“(1973).
Клипот на момчето кој набргу беше наречен Мини Брус Ли стана онлајн сензација, при што некои предвидуваат дека момчето е следната голема кунг фу ѕвезда.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.