Замислете си се будите во два часот ноќе, мачоров ви седнал на гради и ве гледа со тој зол поглед. Морничаво малку, нели? Персискиот мачор Гарфи може да се опише како „лут“, или „гневен“ или „кове план да те убие“.
Но, иако изгледа како ладнокрвен злосторник, Гарфи всушност е една од најслатките мачки воопшто. Само погледнете како трпеливо го поднесува сето тоа што неговата сопственичка ќе го испланира за него! Тој е одличен модел, и неговата сличност со Гарфилд е навистина поразителна. Гарфи живее во Турција со неговата сопственичка Хулја Озкок, опкружен со големо семејство и други пријатели мачки. Сигурно претставува вистинско задоволство да се биде со Гарфи – сигурно е навистина забавно да си поиграш со такво рунтаво и луто маче.