Алекс Белини не е „обичен човек“. Тој веслал низ Атлантскиот Океан, трчал низ САД и скијал низ глечер. Сега ја планира своја највозбудлива авантура, да живее на санта мраз, една година.
Неговиот проект се вика Адрифт, и е многу амбициозен. Белини е 38-годишен јавен говорник од Италија, кој сега живее во Оксфорд, Велика Британија, со неговата сопруга и двете ќерки. Тој сака да ја постави специјално дизајнираната капсула за преживување на санта мраз во Гренланд и да живее внатре до 12 месеци, или додека сантата мраз не се преврти.
Зошто? Па, Белини е авантурист во срцето и тој гледа на сето ова како еден голем предизвик. Исто така сакал да ги посочи последиците од климатските промени, кои што се актуелна тема во моментот.
Јас не сум заљубен во Гренланд, и јас не лично не сакам мраз, иако сум роден во планините. Причината зошто го правам ова е истражување, познавање, обидувајќи се да разберам како можам да се справам со непредвидливи ситуации.“, вели Белини.
Белини избрал град наречен Илулисат како негова база, која се наоѓа во северозападниот дел на Гренланд. Пред да ја избере сантата мраз, Алекс ќе направи детално истражување за тоа која најмногу би одговарала и би била најбезбедна. Капсулата на Алекс ќе биде спуштена со хеликоптер.
Капсулата, изработена од алуминиум, ќе биде дизајнирана од фирма наречена Survival Capsule со седиште во Вашингтон, САД. Тие ги дизајнираа овие капсули за зони со катастрофи, особено за регионите кои се подложни на цунами. Нивната идеја е доколку луѓето не можат да избегаат од цунами, тие можат да влезат во запечатената капсула и да пловат на вода, се додека не помине катастрофата.
Овој подвиг е многу опасен поради тоа што постои можност сантата мраз да преврти, поради тоа што постепено ќе навлегува во потопли води. Алекс треба да внимава и кога ќе забележи дека тоа ќе се случи добро да се обезбеди, затоа што сантата може да се сврти во рок од неколку часа, но може да трае и само неколку минути.
„Не сакам да го ризикувам мојот живот. Имам семејство, две ќерки. Сакам да ги видам моите ќерки да станат возрасни. Значи морам да го имам на ум ова бидејќи не сакам да направам самоубиство. Затоа ја одложував оваа авантура со години. Затоа што никогаш немав добри шанси да преживеам. Никој никогаш не се осмелил да живее на санта мраз.“, вели Алекс.
Алекс планира да го започне истражувањето во 2018 година, но потребни му се уште финансии и дозвола од Данска за да престојува на сантата мраз.