Некои основни вештини на вработените во канцеларијата вклучуваат способност да организираат канцелариски материјали, да одговараат на телефони и да работат на компјутерите и овие мали вработени ги имаат скоро „сите вештини“.
Одделот за финансии / ИТ на транспортна компанија во Охајо, се соочувал со криза бидејќи расположението на вработените било на поразително ниво, а стресот сѐ поголем.
Менаџерите биле свесни дека им е потребно освежување и позитивна енергија на работното место и затоа ги „најмиле“ двете мачиња на кои им ги дале имињата Дебит и Кредит. Неодоливите брат и сестра не само што ги освоиле срцата на сите вработени, туку и на луѓето низ целиот свет.
Тие добиле и свој Инстаграм профил на кој се објавува секојдневието на овие палавковци. Дебит и Кредит имаат над 6.000 следбеници на социјалната мрежа.
Животните во канцеларијата станаа попопуларен тренд во текот на изминатите неколку години. Според психологот Лоте Спајкерманк, кучињата и мачките можат да бидат психолошки корисни за луѓето. „Тие го намалуваат стресот и ја зголемуваат продуктивноста, главно поради тоа што кога тие се во интеракција со вас и, кога ќе се појават на вашето работно место, тоа е добар потсетник дека можеби ќе треба да направите пауза“, објасни психологот.