Најмладите милијардерки во светот се Александра и Катарина Андресен, сестри од Норвешка кои поседуваат дел од една стара семејна компанија, Ферд. Сестрите Андресен имаат само 21 и 22 години, но секоја од нив „тежи“ скоро 1,5 милијарди долари. Александра е успешен јавач на коњи, а Катарина е студент и практикант во Ернст и Јанг.
Според Форбс, тие го добиле своето богатство во 2007 година, кога нивниот татко, Јохан Андресен, ја пренел сопственоста на инвестициската компанија на семејството, Ферд на девојките. Секоја од нив има 42% од акциите во компанијата, кои датираат од 1849 година.
И покрај тоа што го наследиле своето богатство во 2007 година, тие неодамна беа потврдени како најмлади милијардери во светот, бидејќи норвешката влада ги објавува даночните пријави на лица над 17 години.
Александра (21) и Катарина (22) сега посебно „тежат“ 1,47 милијарди долари. Но, и покрај сегашното изобилство на сестрите на едно од најпознатите норвешки семејства, тие не се само богати деца. Александра и Катарина одат на училиште, тие се практиканти, поминуваат време со пријателите, влегуваат во неволји и имаат свои хобија.
Иако се само една година разлика сестрите не делуваат како да се многу блиски бидејќи на социјалните медиуми објавуваат фотографии најчесто со нивните пријатели. Александра е искусен јавач на коњи и нема намера да работи во компанијата Ферд.
Иако најголемиот дел од наследството го имаат добиено од Ферд, нивниот татко изјавил дека нема да ги присилува ќерките да работат во команијата. Александра за нова година се сврши со Јоаким Толефсен, професионален ММА борец. Таа исто така многу сака да патува и тоа на прилично егзотични дестинации, како што е на пример Индија. Моментално таа живее во Флорида.
Катарина три дена неделно работи во сметководствената фирма Ернст и Јанг додека студира општествени науки на Универзитетскиот колеџ во Амстердам.
Катарина беше казнета за возење во пијана состојба минатата година, кога беше стопирана во нејзиното Ауди Q3 во близина на скијачко одморалиште.
Норвешка има строги закони и казни за возачи во алкохолизирана состојба врз основа на нивната финансиска состојба. Казната на Катарина била околу 32.000 долари. Таа исто така добила забрана за возење 13 месеци поради инцидентот.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.