Сестрата Кејт Меусен ги основала „Сестрите од долината“ во 2011 година со само дванаесет растенија, сега е меѓународна операција која секоја година добива 1,1 милион долари од продажба.
Британскиот режисер Роб Рајан, ја истражува историјата и одржливиот опстанок на калуѓерките кои растат канабис и направи документарец за нив, наречен Breaking Habits.
Филмот истражува како сестра Кејт и нејзиниот тим се бореле против „владеењето на белиот маж“, вклучувајќи го и шерифот за опструкција на земјата и крадците на црниот пазар.
„Луѓето од фармите се многу бавни да се прилагодат на новите идеи, луѓето се заглавени во 1950-тите со своите идеи кон канабисот за медицинска употреба.“, вели сестрата Кејт.
Калуѓерките користат CBD за да лечат сѐ, од епилепсија до рак. Најмногу произведуваат масло од канабис. Досега сестра Кејт се обидела да излечи осум лица, зависници со нејзините производи со CBD, и таа вели дека сите се опоравиле.
„Ние имаме 100 проценти успех во лекувањето на луѓето од нивните зависности. Се разбира дека немаме огромен број на примероци, работевме со осум луѓе кои беа зависници од алкохол, тутун или амфетамин, но сите се опоравија.“, вели Кејт.
„Тоа е прекрасно лековито растение, постепено светот почнува да се отвора кон идејата за канабисот како лек, наместо да го третира како опасна дрога“, додава таа.
Режисерот Роб Рајан, вели дека борбата на сестрата на Кејт за промена на индустријата за канабис од „напушени до излекувани“ е вистинска и искрена.