Луѓето кои веруваат во вонземјани најчесто се смета дека се следбеници на теориите за заговор. Една мала група на астронаути од НАСА веруваат во нивното постоење, некои од нив сметаат дека вонземјаните летаат над експерименталната американска воздухополовна база, некои дека вонземјаните дека често воспоставувале контакт со некои луѓе на земјината површина.

Едгар Мичел

Еден од нив е Едгар Мичел, инаку шестиот човек кој чекореше на површината на Месечината во 1971 година во мисијата Аполо 14. Тој верува дека вонземјаните ја спасие Земјата од катастрофална нуклеарна војна, а посочува дека во Ватикан се кријат најголемите тајни за ниното постоење, најмногу поради нивните извори на енергија. Тој тврди дека вонземјаните често се забележани како доаѓаат на посета, а летаат над нуклеарната база. Исто така верува дека Владата на САД ја прикрива мистеријата за Росвел аферата, во која наводно летечко тело се урнало во близина на мал град во Ново Мексико.  Причината за која се прикрива нивното присуство на Земјата е во тоа што јавноста се сомнева во нивното пријателско расположение. Мичел почина на 4 Фебруари 1016 година, на возраст од 85 години.

 

Гордон Купер

Друг човек кој исто веруваше во постоењето на вонземјани е Гордон Купер, кој беше еден од седумте астронаути избрани за првата мисија, под назив Код проект Меркур, која траеше од 1958 до 1963 година.Тој верува дека забележал како НЛО летало над Германија во 1951 година.  Исто така додека работел во експерименталната американска воздухопловна база видел како непознати летала кружеле во областа. Тој тврди дека вонземските возила се далеку понапредни од тие со кои располагаат луѓето на Земјата и дека човештвото би требало да ги прифати со цел да се унапреди нашиот свет. Купер инаку боледуваше од паркинсонова болест, а почина од срцев удар на 77 годишна возраст на 4 Октомври 2004 година.

 

Дејк Слејтон

Дејк Слејтон беше дел од проектот Меркур, а од редовите на вселенската Агенција се искачи и стана директор за операции за летање на екипажот на НАСА. Тој исто веруваше дека НЛО лебдело над Германија во 1951 година, а изгледало како чинија да лебдела под агол од 45 степени. Слејтон боледуваше од малигнен тумор на мозокот, почина на 69 годишна возраст, на 13 Јуни 1993 година.

 

Брајан О’Лери

Брајан О’Лери бил член во мисијата МАРС во 1967 година, иако мисијата била откажана една година подоцна. О’Лери кој станал професор по физика на Универзитетот Пристон, по напуштањето на НАСА изјавил дека постоеле многу докази за тоа дека вонземјаните воспоставиле контакт со Земјата, но јавноста била неука поради традиционалните  материјалистички верувања од Запад.  Тој почина од рак на цревата на 28 Јули 2011 година, во својот дом во Вилкабабма, Еквадор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено