Во Португалија започна со работа првата централа во светот која ќе комбинира хидроелектрична и соларна енергија. Браната Алто Рабагао е опремена со 840 лебдечки соларни панели, со што се зголемува вкупниот капацитет на постројката од 68 MWh за 220 kWp. Во својата прва година, станицата треба да генерира 332 мегават часови, што е доволно за напојување на 100 домови за една година.
Панелите беа креирани од страна на Ciel & Terre International, програмери на пловечкиот соларен систем Hydrelio. Системот е дизајниран да им овозможи на панелите изработени од рециклирани материјали да бидат инсталирани на големи водни тела, наместо да „трошат“ простор на копното.
Дополнително, панелите делумно ја штитат водата, што помага да се забави испарувањето и растот на алгите. Панелите исто така ги намалуваат брановите во резервоарот.
Главната цел зад C & T FPV панелите е да генерираат енергија додека се максимизира употребата на вештачко тело на вода. Инсталирањето на панели на брани ги прави централите попрофитабилни и произведува повеќе енергија. Панелите собираат сончева светлина за време на дневните часови, а хидроенергијата може да се користи за време на максималната побарувачка и кога ќе се стемни.
Од C & T проценуваат дека ако само 10 проценти од 50-те најголеми брани во светот би биле опремени со FPV панели, може да се произведе 400 гигават(GW) соларно електрично напојување.
Ако успее проектот за браната Алто Рабаго, системот може да се искористи за да ги исполни барањата за моќ на другите земји. Една од нив би можела да биде Бразил, каде што претпријатието зад проектот, Energias de Portugal (EDP), веќе прави големи бизнис зделки.
Португалија создаде вистинска клима за успехот на проектот преку промовирање на политики за обновливи извори. Земјата, исто така, ужива годишно времетраење на сонцето од 2.500 часа и висок потенцијал за FPV решението поради постоечкиот капацитет на хидроенергија. Хибридното решение во овој случај претставува одличен пример за тоа како постојните енергетски системи можат да се зголемат со понови технологии за да се создадат подобри решенија за енергија.