Едно понеделничко попладне во декември 2014 ми се јави еден фотограф за да ми каже дека цела една област во Будимпешта е покриена со мраз и дека паѓаат дрвја под притисокот на мразот.Во тој миг не ни помислував дека тој повик ќе заврши со една од највозбудливите репортажи во мојот живот.
Се сретнав со другиот фотограф рано наутро следниот ден и се искачивме по ридовите на Будим. Знаевме само едно нешто – сите ни велеа „не одете таму, крајно опасно е.“
Но ние моравме. Откако се симнавме од автобусот го видовме паѓањето на едно дрво, на само неколку метри од нас. После тој ужасен шок, почнавме да се пробиваме низ малите улички, далеку од главната улица, слушајќи само еден звук -звукот на дрвјата. Звукот на кршењето на гранките под тежината на ледот.
Малите не беа опасни, но на речиси секои десет минути ќе видевме како паѓа некое големо дрво, паѓајќи врз покрив или врз кола.
Не бев исплашен, бидејќи знаев дека морам да си ја вршам работата. Морав на луѓето да им ја покажам моќта на природата, така што немаше многу време да се размислува за последиците. Цело време гледајќи нагоре (никогаш не сум гледал во дрвја и гранки толку долго) ја фотографирав моќната природа како покажува што може да им стори на беспомошните луѓе.