Маж кој бил гостин на свадбена церемонија во Индија бил киднапиран и насилно принуден да се ожени со девојка. Додека се обидувале да го „убедат“ со пиштол членовите од семејството на девојката му велеле: „Замолчи! Те жениме, не те бесиме!“
Винод Кумар отишол на венчавка на неговиот пријател во округот Наланда, во близина на Патна во државата Бихар , кога тој бил киднапиран од група луѓе. Инженерот бил извлечен и „претепан“ пред да му биде посочено оружјето во главата, бидејќи семејството на жена што никогаш не ја запознал го принудило да се ожени со неа против неговата волја.
Членови од семејството му ги бришеле солзите на Винод додека тој гласно плачел. Ритуалот е познат во областа како “Pakadua Vivah” или насилен брак и е вообичаен во Бихар. Тие често се вршат од семејства кои бараат соодветни младоженци, но не можат да си дозволат големи трошоци за мираз.
Инженерот во фабрика за челик изјавил дека не соработувал затоа што девојката не била одобрена од неговите родители. Веднаш потоа му бил вперен пиштол во главата.
Винод вели: „Тие (семејството на девојката) се спријателија со мене за време на свадбата и ме замолија да излезам. Тие ме киднапираа и ме одведоа во домот каде што бев принуден да ставам вермилион во коса на девојче. Никогаш не сум ја видел и не знам која е таа.“ Полицијата започнала истрага во врска со инцидентот, во Мокама, Патна.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!