Сме виделе мноштво оптички илузии, но мајсторски извртените уметнички дела на Ерик Јохансон сѐ уште ја задржуваат нивната моќ да нѐ зачудат. Можеби затоа што се композитни фотографии, правејќи ги некои од најреалистичните и најзбунувачки илузии кои сме ги виделе.
Јохансон работи како фотограф и ретушер. Прекрасното во неговата работа е што дури и неговите комерцијални дела се уметност. Таков е случајот со некои од фотографиите со автомобили подолу кои биле нарачани од Комисијата за сообраќајни несреќи на Австралија, со цел да се илустрира дезориентираноста која може да се јави при возење под влијание на опојни дроги.
„Иако една фотографија може да се состои од стотици различни слики“, пишува Јохансон на неговиот сајт, тој секогаш сака тие да „изгледаат како навистина да се сликани така“.