Македонија 2025 година. Заев паѓа од власт, се формира непартиска експертска влада, го воведува владеењето на правото и почнува да го гони Заев. Овој во паника бега во Унгарија кај Груевски. Но во меѓувреме паднал и Орбан од власт, па двајцата решаваат да одат да бараат азил во Јапонија. Се среќаваат Зајо и Грујо со јапонскиот премиер и Грујо му вели:
– Јапонија е земја во која се ценат боречките вештини, јас сум боксер, дајте ми азил.
Заев вели:
– Јас знам карате, дајте ми и мене.
Јапонецот им вели:
– Ааа, не фала, доста ни се Хирошима и Фукушима.