Зајко си ја зел кошничката и отишол да краде. Отишол во Австрија и викнал на цела глас:
– Јас сум Зајко со кошничката и дојдов да крадам!
Од таму му рекле:
– Тука нема ништо за крадење Зајко, оди во Америка.
Отишол во Америка и таму викнал:
– Јас сум Зајко со кошничката и дојдов да крадам!
Американците му рекле:
– Тука нема што да крадеш, оди во Франција!
И отишол Зајко и во Франција и викнал:
– Јас сум Зајко со кошничката и дојдов да крадам!
– Зајко, тука нема ништо за крадење, оди во Македонија!
Се вратил Зајко во родната земја и викнал:
– Јас сум Зајко со кош… А? Каде ми е кошничката?