Зајакот и волкот пиеле ракија. Пиеле, пиеле, им останало едно шише и се скарале кој да го испие. Одлучиле да си ги кршат забите. Кој ќе му скрши повеќе заби на другиот, тој ќе го испие шишето.
Се засилува зајакот и баааам, му треснува еден бокс на волкот! Волкот паѓа на грб.
– Колку?
– Сссееест саба…
Се засилува волкот. Баааам! Зајакот паѓа на грб, се тркала неколку пати и се удира во едно дрво.
– Колку?
– Цетили.
– Зошто толку малку?
– Засто толку беа…